Верстапен: Хамилтон не ми остави простор

Макс Верстапен изјави дека Луис Хамилтон е виновен за нивниот судар каде и двајцата ја завршија трката во Италија во 25от круг.

Хамилтон се бранеше при излезот од боксот на првата шикана Варијанте кога Верстапен се обиде да го престаса. Подоцна, тој отскокна од тротоарите и се качи врз болидот на Хамилтон.

Според холанѓанецот имало многу простор што можел да му го остави Хамилтон, но тоа не се случило.

Знаевме дека ќе сме близу во првиот свиок и поради тоа се обидов да не се удриме. Тој знаеше што прави и се обиде да ме истисне.

Не очекував дека нема да ми остави никаков простор. Дури и да ми оставеше малку повеќе простор, ќе бевме близу, Но тој само ми стеснуваше. тогаш немав каде да одам.

Како што преминав преку тротоарот се допреа гумите и скокнав директно во него – опиша холанѓанецот.

Верстапен смета дека нема никаква сличност помеѓу сударот на Монца и она што се случи на Силверстон.

Сакав да работам со него бидејќи сакам да се тркаме. Сега веднаш се зборува за тоа на Силверстон и Тоа не беше добро. мислам дека сме доволно професионални за да зборуваме.

Холанѓанецот потенцираше дека сака фер трка и мора да работат заедно, но е свесен дека тоа нема да се случи.

Треба двајца за да работиме на тоа, нели? Доколку еден не сака да работи што се случува? Ништо. Мора да сме професионални до крај и да продолжиме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ