Верстапен: Хулкенберг заслужува место во Ф1

Макс Верстапен верува дека Нико Хулкенберг сеуште има квалитет да биде во Формула 1 откако германецот солидно се покажа на квалификациите при своето враќање во тркачката серија.

Нико беше одбран да вози за Рејсинг Поинт како замена за Серхио Перез кој имаше позитивен Ковид-19 тест, а на квалификациите за малк не влезе во К3.

по првата тренинг сесија видов дека се мачеше со вратот, тој има долг врат, нешто што не е многу добро за формула 1. зборував со него порано за тоа и не му се допаѓало, но тоа е. тешко е затоа што колку и да тренирате за формула 1 кога по прв пат по долга пауза ќе влезете во болидот со тие брзини, особено на силверстон, мора да имате проблем.

може секој ден да тренирате, но вратот секогаш ќе биде отечен и целосно сум сигурен за тоа затоа што и јас го чувствувам. како и да е, тоа не у е ни битно на него затоа што е среќен што повторно се враќа во формула 1, а и јас сметам дека заслужува да остане на гридот – полн со пофалби е верстапен.

Хамилтон исто така смета дека Силверстон е една од најтешките патеки на која некој возач може да дебитира или да се врати на патеката поради летечките кривини кои прават огромен притисок над целото тело.

дефинитивно не е добро да се враќате на оваа патека поради болките во вратот кои ги предизвикува. копс е под полна гас и е дел од многу интензивна комбинација од кривини, така што не сум изненаден ако утрото се рабуди со модринки по вратот и отечен дел иако секогаш бил во одлична форма. се разминавме во падокот и изгледаше како никогаш да не ја напуштил серијата.

мислам дека најтежок дел е тоа што не знае многу за болидот, а кога не го знаете тоа не знаете какви алатки имате на располагање и што користи тимот. сепак, тој е одличен возач и ако некој може да му помогне на тимот тоа е тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ