? Верстапен ја провозе првата победничка Хонда

Макс Верстапен имаше среќа да го провози првиот победнички болид конструиран од јапонска Хонда во пресрет на трката во Сузука.

За време на специјален настан организиран од Хонда во нивната фабрика за истражување и развој во Точиги, Верстапен возеше РА272 со кој американецот Ричи Гинтер им ја донесе првата Формула 1 победа на јапонците на Големата награда на Мексико во 1965 година.

Ова билo прво возење на стари Формула 1 болиди за холанѓанецот по што призна дека не му било воопшто удобно како што му е во денешните болиди.

беше навистина кул да се проба болидот. претходно најстариот тркачки болид кој сум го пробал беше од 2008 година, но овој беше многу поинаков и навистина уживав возејќи го.

чистата емоција од самиот болид е неверојатна. дури не влегов како што треба во болидот, но искуството беше прекрасно.

посреќен сум што сум роден подоцна отколку да се тркам со таков болид, но секако дека сум благодарен што добив можност да го искусам. ако се вратите 50 години наназад ќе видите дека еволуцијата и развојот се луди, но добро е да се знае како било порано – појасни макс.

Откако се обиде во РА272, Верстапен доби можност да вози во Точиги и со РБ7 од 2011 година, додека Такума Сато, Инди 500 победникот го превзеде историскиот болид на Хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ