Верстапен: Ќе беше подобро за Рикардо да останеше во Ред Бул

Макс Верстапен смета дека ќе било подобро за Даниел Рикардо ако останел во Ред Бул и по сезоната во 2018 година.

Рикардо одлучи да го напушти Ред Бул на крајот на 2018 година за да се приклучи на Рено, а по две сезони во тимот од Енстон, тој премина во Мекларен. Сепак, неговата слаба форма во Мекларен го натера да го напушти тимот една година порано о предвиденото. Тој сега се врати во Ред Бул за 2023 година во улога на трет возач.

Голем дел од успесите на австралискиот возач дојдоа за време на неговиот престој во Ред Бул од 2014 до 2018 година, каде што забележа 7 Гранд При победи. Верстапен признава дека имал разговори со Рикардо за продолжување на договорот со тимот на Ред Бул и бил изненаден од неговата одлука да си замине.

Ќе беше подобро за Даниел да останеше подолго во Ред Бул. Разговарав со него за тоа. Исто така, се работи за чувство на удобност во одреден момент. Тоа веќе не беше случај во тој период.

Тогаш, мора да погледнете алтернативи и да направите компромис помеѓу спортскиот успех и чувствата.

Меѓутоа, знам дека сите во Ред Бул ги имаа на срце неговите најдобри интереси. Наместо да замине, тој можеше да разговара со тимот за тоа. Но, испадна како што испадна – откри холанѓанецот.

Рикардо се стреми кон враќање во Формула 1 со полно работно време во 2024 година, но Верстапен признава дека неговите тешки години во Мекларен би можеле да го отежнат закрепнувањето за него.

Сега Даниел ќе биде резервен возач со нас, се уште ќе го гледаме неговиот лик во Формула 1 падокот. Даниел е многу среќен и се смее многу, но на крајот, не се работи за смеење, туку за настапите.

Даниел сигурно ги испорача овие во минатото, но во Формула 1 правилото е дека сте добри само колку вашата последна трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ