Верстапен ќе вози на виртуелното 24 часа Ле Ман

Новиот Формула 1 шампион, Макс Верстапен, ќе се проба на виртуелното 24 часа Ле Ман годинава. 

Тој ќе вози покрај познати возачи на настанот кој ќе се одржи на 15 и 16 Јануари. Индикар шампионот Алекс Палоу, Хуан Пабло Монтоја и двократниот Формула 1 еспортс шампион Јарно Опмеер ќе возат со Верстапен. Алонсо ќе биде капитен на Алпин еспортс тимот, но нема да вози. 

Верстапен ќе биде дел од тимот Редлајн заедно со шведскиот Индикар возач Феликс Розенквист. Настанот ќе се пренесува на Youtube, Twitch и Facebook и возачите ќе се борат за награда од 125.000 долари. 

Петте трки на Ле Ман виртуелната серија имаат награден фонд од 250,000 долари. Во првата сезона во 2020 година настанот го следеа 14 милиони гледачи кои беа во карантин на почетокот на пандемијата. Новиот настан требаше да се одржи на Autosport International Show во Бирмингем но беше одложен поради пандемијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ