Верстапен ќе патува со стил – си купи приватен авион

Макс Верстапен во Ноември нарачал свој приватен авион кој му бил испорачан на почетокот од оваа година, по што холанѓанецот целосно го променил неговиот надворешен изглед.

Холанѓанецот одбрал мат сина боја, слична на онаа на неговиот Ред Бул болид, со портокалови детали во чест на неговата родна земја и неговото заштитно лого на опашката. Авионот Falcon 900EX може да лета 8.340 километри без при тоа да има потреба да застане и дополни гориво.

Одржувањето на приватен авион е скапа работа и се очекува истите да го олеснат Макс помеѓу еден и два милиони евра годишно, а самиот авион, кој патем е веќе користен, го чинел помеѓу шест и осум милиони евра.

Претходен сопственик на авионот биле Вирџин Галактик, a по превземањето од страна на Верстапен, со авионот ќе управува компанијата EXXAERO.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ