Вестакот верува дека одложената трка во Австралија ќе се одржи

Шефот на Австралиското Гранд При, Ендру Вестакот, е убеден дека одложеното Гранд При кое наместо во Март ќе се вози во Ноември, ќе се одржи.

Поради владината мерка за двонеделен задолжителен карантин за сите меѓународни патници, трката која требаше да ја отвори сезоната беше откажана, но Вестакот за локалниот Nine Network изјави дека е убеден оти ноемврискиот датум ќе се испочитува.

ќе бидеме во можност да го испочитуваме договореното. погледнете го ланскиот формула 1 и мото гп календар, тие две серии одработеа дури 31 трка во 14 различни земји.

ние треба да сме во постојан контакт со здравствените власти, со формула 1 и со владата и да се осигураме да се почитуваат меурите и дистанцата со немешање на јавноста во падокот – најави вестакот.

Сепак, тој не е загрижен дека ново откажување на настанот може да значи и губење на местото на Мелбурн во Формула 1 календарот.

работиме непосрено со луѓето од формула 1 долго време и испорачуваме врвен настан. тоа доаѓа со взаемна силна доверба и поддршка од двете страни, но ништо не може да се земе здраво за готово. ако не можеме да организираме трка во мелбурн подолго време, тогаш секако дека други места стануваат опција.

Вестакот е убеден дека ако може во Мелбурн да се играат фудбалски натрпевари безбедно, може да се организираат и трки.

имаме парк од 176 хектари големина што е 29 пати поголем простор од познатото игралиште за крикет.

во однос на публиката, планиравме зоните да ги дизајнираме на начин да се одвоени една од друга, а капацитетот да се ограничи согласно препораките од здравствените власти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ