Ветото на градоначалникот помина, Мајами сеуште “во игра“

Одборот на комисионери на Мајами Дејд областа во Мајами даде поддршка за ветото против одржување на Гранд При трката во Мајами од страна на Градоначалникот на областа, по што е надмината голема кочница во носење на Формула 1 во најголемиот град на Флорида.

Градоначалникот Карлос А Гименез потенцираше дека наместо веднаш да се “убие“ идејата, истата треба во одреден временски период да се разгледа и да се најде решение и постигне договор.

Намерата е тркачката серија да се вози околу Хард Рок стадионот, но да се користи и мал дел јавните патишта, нешто на што се спротистави локалното население. На 8 Ноември Градоначалникот вети изнаоѓање н арешение кое ќе ги задоволи граѓаните во неговата област. Одборот на комисионери гласаше 7:5 во корист на Градоначалникот.

ни треба повеќе време за да најдеме компромис со мајами долфинс, мајами гарденс областа и обожавателите на тркањето. решението треба да биде добро за сите за да ја донесеме формула 1 во нашата област. поради тоа сум среќен што одборот на комисионери на мајами дејд ме поддржа и ми дозволи да работам на наоѓање решение.

формула 1 е огромен меѓународен настан. како супер бол, тоа ќе го постави мајами дејд на светската мапа. треба да работиме да ги проучиме евентуалните проблеми со соодветни информации намест оведнаш да ја “убиеме“ идејата. да бидам јасен, ги поддржувам сите засегнати страни да најдат решение за да ја донесеме формула 1.

трката не е планирана пред 2021 година така што моето вето “купува“ 3-6 месеци на страните да работотат на решение. имав три состаноци со граѓаните на мајами гарденс во врска со гормула 1, се среќавав со комисионерите, претставниците на мајами долфинс и луѓето од формула 1. сето тоа беше продуктивно, а од долфинс најавија дека за две недели ќе одговорат на загриженоста на локалното население во врска со потенцијалните проблеми – напиша на твитер гименез.

Главниот извршен директор на Хард Рок стадионот, Том Гарфинкел, одговори на позитивно на одлуката и објасни дека ќе одговорат на потенцијалната загриженост на населението.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ