(Видео) Фетел и Хамилтон разменија кациги

Формула 1 првакот Луис Хамилтон и второпласираниот возач сезонава, Себастијан Фетел, разменија кациги по крајот на последната трка, возена во Абу Даби, како знак на почитување.

Двајцата возачи се бореа за последните две титули, а британецот во двата наврати беше поуспешен. Размената на кациги на Јас Марина, Луис ја спореди со менување на дресови во фудбалски жарготн.

ова е еден вид доброволна работа, но покажува најголемо ниво на почит кој го има помеѓу возачите. слично на менување дресови, овој е мој, одлична работа годинава и задоволство е да се тркам против тебе – објасни луис.

Германецот потенцираше дека навистина бил нетрпелив да размени кацига со Хамилтон, нешто што го прави за прв пат во својата кариера.

одлично постигнување луис, пет титули тоа е големо постигнување, се надевам дека ќе ти попречам да освоиш повеќе – одговори фетел.

На крајот, Хамилтон се пошегува дека никогаш нема да може да ја користи кацигата на Себастијан затоа што тој има мала глава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ