Виетнам го откри логото и имињата на трибините

Промотерите на Големата наградана Виетнам (The Vietnam Grand Prix Corporation VGPC), го откри официјалното лого на градската патека како и имињата на 9те трибини од каде на лице место ќе може да се следи првото издание на трката.

Со имињата на трибините, организаторите сакале да им оддадат почит на најважните знаменитости на земјата.

  • Thăng Long Grandstand
  • Hải Phòng Grandstand
  • Hạ Long Grandstand
  • Huế Matrix One Grandstand
  • Đà Nẵng Grandstand
  • Nha Trang Grandstand
  • Sài Gòn Grandstand
  • Cần Thơ Grandstand
  • Phú Quốc Grandstand

Главниот извршен директор на компанијата, Ле Нгок Чи, изјави:

горди сме што го откриваме логото на патеката во ханои како и имињата на нашите трибини пред светот.

новото лого ќе отслика енергија, динамичност и напредок на нашиот главен град и неверојатната нова патека, додека имињата на трибините се по легендрни виетнамски градови и знаменитости со кои сакаме да и оддадеме почит на модерната виетнамска култура и богата историја како и да им помогнеме да се спознае државата на гостите од светот.

исто така ова е дел од нашиот напор да го промовираме ханои до милионите формула 1 гледачи низ светот и да ја демонстрираме горддоста и планот на градот да организира светски настан и забава во еден од најпрестижните спортови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ