Виетнам се надева на трка во Ноември

Виетнам се надева дека ќе ја организира својата прва Формула 1 трка во историјата кон крајот на месец Ноември во моменти кога државата веќе три месеци нема домашно пренесување на коронавирус. 

Кина и Виетнам се сериозни конкуренти за организирање на трка во вториот дел од оваа сезона. Трката во главниот град на Виетнам, Ханои, требаше да се одржи на 5 Април но беше одложена поради пандемијата. 

Ги разгледуваме сите работи поврзани со вирусот и ќе дискутираме со организаторите. Се надевам дека трката ќе се одржи на крајот на ноември – изјави претседателот на Ханои Нгујен Дук Чунг. 

Тој не објасни повеќе бидејќи сеуште не дискутирале со челниците на тркачката серија. 

Оваа сезона стартуваше во Австрија минатата недела и веќе има потврдени осум трки во Европа. Благорарение на агресивната тест програма и карантинот, Виетнам имаше само 369 заразени од кои повеќето се оздравени, што е навистина импресивно во земја од 100-тина милиони жители.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ