Вилијамс без коментар за Честер

Медиумите шпекулираат дека неодамна заминатиот технички шеф на Рено, Ник Честер, ќе го засили Вилијамс следната година на позицијата во Гроув која остана празна по заминувањето на Пади Лоу од тимот

По разочарувачката сезона во која не стигнаа да ја остварат целта, а го загубија и 4то место во поредокот од Мекларен, Сирил Абитебул реши да направи реструктуирање во Енстоун, во фабриката задолжена за шасијата на болидот.

никогаш не коментираме лични работи, а уште помалку вакви гласини – појасни клер вилијамс.

веќе имаме одличен технички тим, но јасно е дека секогаш мораме да имаме опции и да се распрашуваме низ падокот. не брзаме да најдеме замена за пади лоув атоа што сакаме да направиме она што е исправно и најдобро за тимот – изјави клер за време на трката во абу даби.

Таа призна дека новите правила кои ќе стапат на сила од 2021 година нудат можност, но во исто време се и голем предизвик за трофејната екипа.

мислам дека ќе биде полесно за првите три екипи да се справат со новата регулатива поради огромните буџети со кои располагаат. за нас ќе биде вистински предизвик во фабриката каде ќе треба паралелно да работиме на две програми, една за следната година, друга за 2021 година.

гледаме на 2019 и 2020 година како на една голема и долга сезона со надеж на 2021 година и новите правила. лобиравме силно за нив и сакаме да ги одработиме максимално добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ