Вилијамс годинава позајмиле 28 милиони фунти

Формула 1 тимот на Вилијамс откри дека рефинансирањето на долговите од Април оваа година донело долг од 28 милиони фунти во компанијата, кои треба да се отплатат до Април 2022 година, а останатиот дел е на подолг рок.

Како што тогаш медиумите објавија, долгот е кон компанијата на Мајкл Латифи, таткото на Николас Латифи, како и кон банкарската групација ХСБЦ. Првичните заеми датираат од 2015 година и се земени исто така ос ХСБЦ, а со рефинансирањето истите се заменети со продолжен рок на враќање.

Од Групацијата велат дека промената била неопходна поради продажбата на Дивизијата за напреден инженеринг во Декември. Залог за заемите е фабриката, објектите и целокупното земјиште како и колекцијата на историски значајни болиди кои датираат од 1978 година па до ден денеска.,

Вилијамс потврдија дека финансирањето е направено од долгогодишните соработници, банкарите од ХСБЦ, како и од нов заемодавач, а вкупниот износ е откриено дека изнесува 45 милиони долари.

25 милиони долари се обезбедени со земјиштето, објектите, недвижностите и опремата и истите треба да се вратат до април 2022 година, имаат камата од 5% годишно која се плаќа на крајот на годината.

дополнителни 20 милиони евра се обезбедени со колекцијата од историски болиди на компанијата каде каматата е исто така 5% и исто така се плаќа годишно, но враќањето е на годишни рати во рок од 5 години, до 2026 година – се вели во извештаите на вилијамс груп.

Иако вкупните заеми од двете страни се 45 милиони долари, по рефинансирањето на компанијата и останува чиста финансиска инјекција од 35 милиони долари.

чистата сума изразена во фунти која ја добила групацијата по плаќање на сите трошоци, провизии и рефинансирање е 28 милиони фунти.

Тимот минатата недела објави дека стратешки прават анализа која може да доведе продажба на компанијата или наоѓање на инвеститор кој ќе помогне во функционирањето, а доколку дојде до такво нешто, заемите ќе бидат исплатени.

заемите претставуваат ефикасно користење на средствата на групата и носат финансиски резерви кои се потребни за финансирање на екипата во волку неизвесно окружувње – вели финансискиот диектор, мајк о’дрискол.

Во финансиските изештаи се провклекува и името на Рокит, главниот спонзор со кој беше прекината соработката:

во билансот на состојба на 31 декември има сума од 1 милиони долари која ја должи рокит во врска со минатата година. има и дополнителни 9 милиони фунти кои ни се должат по други основи, а во врска со спонзорскиот договор со рокит.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ