🎥 Вилијамс го пробаа новиот болид во Силверстон

Вилијамс го комплетираа првото возење со својот ФВ43Б Формула 1 болид во пресрет на овогодишната сезона и тоа се случи на автодромот Силверстон вчера.

Месецов британците објавија дека новиот болид ќе биде прикажан на 5 Март, а потоа одбраа претходно истиот да биде пробан на патека преку ден за снимање.  Во промотивно видео објавено на Твитер тие го покажаа болидот како вози по мокриот Силверстон и на тој начин станаа втора екипа која го провози својот овогодинешен болид откако претходно тоа го сторија и од Мекларен.

Латифи и Расел имаа можност да поминат само 100 километри на колку што се ограничени деновите за снимање, што е еднакво на 17 кругови по легендарниот автодром.

Иако болидот беше заматен, се воочуваат емни шари на шасијата и помалку бело во однос на лани. Годинава е прва целосна сезона под сопствеништво на американците од Дорилтон Капитал кој ја превземаа компанијата во Август, но и покрај заминувањето на Вилијамсови, болидот ќе продолжи да се именува по иницијалите на основачот Френк Вилијамс.

Екипата од Гроув лани имаше дрстичен напредок во однос на 2019 година, но и покрај тоа не успејаа да освојат поени, а целта годинава им е да се “носат“ со Хаас и Алфа Ромео. Официјалното промовирање на болидот е закажано за 5 Март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ