Вилијамс добија 30 милиони евра од тужба кон ROKiT

Судија во САД потврди дека поранешниот спонзор за титулата Рокит мора да му плати на Вилијамс значителна сума како надомест.

Поранешниот спонзор на титулата на Вилијамс, ROKiT, доби наредба од американски судија да плати повеќе од 30 милиони евра кон Формула 1 тимот.

ROKiT му се придружи на Вилијамс како спонзор за титулата пред сезоната во 2019 и се појави на болидите на Џорџ Расел и Николас Латифи за време на предсезонските тестирања во 2020 година.

Сепак поради КОВИД-19 спонзорот се откажа од договорот.

Ова значеше дека планираниот тригодишен договор заврши само по една сезона, при што ROKiT ги задржа планираните средства за тимот.

Како резултат на тоа, Вилијамс го однесе случајот на суд верувајќи дека нивниот договор бил прекршен.

Во Окружниот суд на Соединетите Држави во Калифорнија, судијката Кристина Синдер на 1ви Декември пресуди дека ROKiT е должен да плати 30 милиони евра на Вилијамс.

ROKiT мора да плати и 1,2 милиони евра за да ги покрие правните трошоци на Вилијамс.

Вилијамс останува без насловен спонзор, но оттогаш е продаден на американската фирма Дорилтон Капитал, додека телекомуникациската компанија останува активна во спонзорството на мотоспортот, главно во Формула Е и британските туринг автомобили, спонзорирајќи го Николас Хамилтон, братот на Луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ