Вилијамс имале двегодишен план со Сарџент во Ф2

Новиот возач на Вилијамс, американецот Логан Сарџент, првично требал да помине две години во Формула 2 пред неговите настапи многу брзо да докажат дека тој е подготвен да премине во Формула 1.

Сарџент ќе го има своето деби во Ф1 во Бахреин, откако доби место за 2023 година покрај Алекс Албон, станувајќи првиот американец со полно работно време на гридот по Скот Спид во 2007 година. Сарџент беше доведен да го замени неубедливиот Николас Латифи, кој го напушти тимот од Гроув по три години, по импресивната дебитантска година во Ф2 во која освои две победи и заврши на четвртото место во првенството.

Сарџент влезе во конкуренција за местото пред летната пауза, а неговата доминантна победа во Силверстон од пол позицијата беше клучна за обезбедување на тоа возачко место. Спортскиот директор на Вилијамс, Свен Сметс, откри дека тимот планирал Сарџент да помине две години во Ф2, само за неговите изданија да сугерираат дека нема потреба да помине уште една година во истата категоријата.

Имавме двегодишен план со Логан во Формула 2 – изјави Сметс.

Мислам дека така почнуваат сите. Кога започна сезоната, многу брзо, а особено Силверстон и трките потоа, почнавме да го гледаме потенцијалот дека можеби не моравме да поминеме две сезони со него во Ф2.

Не баравме да победува, тоа беше само неговиот напредок во тркачката серија, суровата брзина што ја покажа во еден круг и самото созревање.

Вилијамс првично беше во преговори со Алпин за да го земе нивниот млад возач, Оскар Пиастри на позајмица за оваа година, само за австралијанецот да се пресели во Мекларен по сагата за договорот што беше решена од одборот за признавање договори. Ова се совпадна со влегувањето на Сарџент пред да биде објавено соопштението од тогашниот шеф на Вилијамс, Јост Капито во Остин дека американецот ќе се трка во 2023 година се додека обезбеди супер лиценца.

Сметс се надеваше дека Сарџент може да ги повтори брзите чекори што ги направи во Ф2 низ неговата дебитантска Формула 1 сезона, но прифати дека ќе има некои тешки моменти со кој се соочува секој нов возач.

На патеките што ја започнуваат сезоната, во Саудиска арабија, нема многу простор за грешки, во Австралија, исто така нема многу простор за грешки – рече Сметс.

За тој да ги научи границите на Формула 1 болид, ќе има три дена тестирање, а потоа директно влегувате во трка. Не можете само да кажете дека ќе поминам неколку илјади километри за да видам колку далеку можам да одам со овие болиди на патеката. Знаеме дека тоа ќе биде дел од тој процес на учење.

Иако тимскиот колега на Сарџент, Алекс Албон, ќе биде мерило за него да се обиде и да се прилагоди во тимот, Сметс смета дека не би било фер веднаш да се очекува Сарџент да биде на исто ниво.

Ако болидот е таму каде што ние би сакале да биде, секако првата работа е да го предизвикате вашиот тимски колега, тоа е број еден – рече Сметс.

Ако сте во позиција да се борите за бодови, тогаш уште подобро, Но не можеме само да му наредиме во Бахреин дека треба да го победи Алекс. Мислам дека тоа не би било фер кон него.

Но да, тоа е целта. Напредок и да ја искористиме оваа сезона за да научиме, а потоа да бидеме целосно подготвени за 2024 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ