Вилијамс имале проблеми со задниот дел на Портимао

Џорџ Расел откри дека неговиот тим открил проблеми со задниот дел на болидот кои придонеле да се мачат со перформансите на Португалското Гранд При минатата недела.

Младиот британец ги имаше најдобрите квалификации во неговата кариера со старт до 11то место, но едвај преживуваше на трка и заврши на 16то место, а за малку ќе беше минат и од Мик Шумахер на неконкурентниот Хаас.

Тој посочи дека квалификациите ја сокриле вистинската форма на болидот, но и фактот што неколку возачи од средината на поредокот ги “утнале“ квалификациите, а неговиот болид реално бил 8ми најбрз.

најдовме мал проблем во задниот дел од болидот кој ни одмогна во недела на трка, но мислам дека се бориме за 8мо и за 9то место кај конструкторите, таму реално припаѓа нашиот болид.

вредно е да признаеме дека имавме 8ми најбрз болид во сабота, иако се квалификувавме на 11то место и оставивме многу побрзи болиди зад нас. тоа немаше врска со тоа што се случи во недела каде бевме бавни во тешките услови и мораме да го подобриме тоа.

мораме да запамтиме дека рикардо, алонсо и строл редовно се борат за место во к3, а останаа зад нас во првите два квалификациски делови. мораме да се подобриме и да го направиме болидот подобар за возење, помалку осетлив за јас и николас да притискаме до лимитот на трка.

Младиот британец е задоволен од фактот што Вилијамс ги користи проблемите на конкурентите и е силен на квалификациите.

мислам дека екипата прави одлична работа со оптимизирањето кога другите екипи имаат проблеми и реално бевме многу повисоко пласирани во португалија од брзината која болидот ја имаше.

ја максимизиравме работата со гумите, максизимиравме позиција на патеката, одлично го менаџиравме кругот и дојдовме до одличен резултат.

на трка е друго, имате над 60 кругови во кои мора да најдете добар ритам и да сте едно со болидот, но ние немавме брзина. мораме да разбереме од каде точно се позитивните работи во сабота и да ги пренесме во недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ