Вилијамс не ја отпишуваат 2020 година

Вилијамс појаснија дека се што ќе научат наредната година ќе им помогне во 2021 година со новите правила, додека се обидуваат да се вратат по најлошата сезона во нивната богата Формула 1 историја.

Вилијамс “паднаа“ на последно место во првенството во 2018 година и останаа таму и оваа сезона, со големо заостанување позади конкуренцијата.

Техничките правила следната година ќе останат непроменети, но Формула 1 се подготвува за целосна промена од 2021 година. Вилијамс имаа голема корист по промена на правилата во 2014 година, со постојани финиши на подиум и пласман на трето место кај конструкторите.

Но постариот инженер за трки во екипата, Дејв Робсон, истакна дека се што Вилијамс ќе научат во 2020 година може да се примени кон 2021.

Ова е добра можност да почнеме од почеток и да примениме тоа што сме научиле годинава, како и тоа што ќе го научиме следната сезона.

Клучно пред новата сезона не е само дека треба болидот да се направи брз, туку клучно е да разбереме зошто е брз, а потоа се што ќе научиме следната сезона ќе биде применливо, иако има голема промена во правилата за 2021. Интеракцијата и како функционира болидот сеуште ќе бидат исти.

Се додека го разбираме тоа и се осигураме дека алатките во фабриката испорачуваат и на патека според очекуваното, тогаш сметам дека големиот напор следната година ќе вреди и во 2021.

Мора да одлучиме како ќе ги поделиме ресурсите, ние никогаш не ја отпишуваме следната сезона, мора да си докажеме на себе и на сите други дека тоа што го направивме оваа година беше правилно.

Ако е и ако може да продолжиме да го развиваме тоа, тогаш ќе помогнеме во развојот за 2021 година. Дефинитивно не ја отпишуваме следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ