Вилијамс подготвени да продолжат со Нисани

Вилијамс по се изгледа се подготвени да г озадржат 25-годишниот Рој Нисани како дел од тимот за следната тркачка сезона.

Израелецот одработи дел од тестот во Абу Даби наменет за следните гуми на Пирели откако сезонава поради повреда не се тркаше во ниту една тркача серија.

Возачот кој носи голем буџет со себе, беше неколку секунди позади редовнит евозачи на Вилијамс, но и покрај тоа се чини дека ќе остане како тестер во екипата за 2020 година.

Одредени медиуми веќе добиле покани за прес конференција во Тел Авив, родниот град на Нисани, а организирана од страна на Вилијамс на 14 Јануари кога од Гроув најавуваат “нешто посебно“.

Лани резервен и тест возач на тимот беше Николас Латифи, но тој го зазема местото на Роберт Кубица за следната година така што таа позиција останува непополнета во тимот.

Татко на Рој е 42-годишниот ЧаноЧ Нисани, успешен израелски бизнисмен кој имаше петочни тренинг сесии одработени за Минарди во 2005 година и беше 13 секунди позади претпоследниот пред да се изврти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ