Вилијамс пробувале кус тркачки викенд како подготовка за Имола

Вилијамс работеле според планот за тркачки викенд од два денови кои треба да се проведе на Имола поради откажување на двете тренинг сесии во Нирбургринг со цел да бидат колку што може подобро подготвени за Големата награда на Емилија Ромања.

Откажувањето на двете сесии во Петок поради лошото време и неможноста медицинскиот хеликоптер да лета согласно пропишаните протоколи значеа дека Нирбургринг ќе има дводневен тркачки викенд како што ќе има и Имола следниот месец.

Емилија Ромања ќе организира Гранд При само во Сабота и Недела поради логистички причини односно предолгиот пат од Портимао до Сан Марино, така што возачите ќе имаат само утринска сесија во Сабота во траење од 90 минути како подготовка за квалификациите.

Дејв Робсон, главниот за перформанси во Вилијамс откри дека поради навремено планирање во тимот веќе се разговарало за тоа како ќе изгледа трката во Имола што им било од голема корист при комплетирање на програмата вера утрото од страна на Латифи и Расел.

вчера имавме само 60 минути возење, а во имола ќе имаме 90, но одлично се отслика што ќе се случува на тренингот во имола. не сметам дека многу пропуштиве во сабота поради тоа што немаше црвени знамиња и прекини, едноставно возевме цел час.

сигурен сум дека ќе има работи кои ќе ги направиме поинаку во имола, не знам што точно, но сакам детално да го разгледам тој план. сигурен сум дека уште во понеделник ќе седнеме и ќе го разработиме планот, но на нирбургринг одлично минавме и имавме време за се – појасни робсон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ