Вилијамс продаде дел од Williams Advanced Engineering

Вилијамс објавија дека постигнале договор за продажба на голем удел во сестринската компанија Williams Advanced Engineering.

Компанијата е основана во 2011 година и го покрива инженерскиот дел на Групацијата Вилијамс која го поседува Формула 1 тимот и вработува над 300 луѓе кои работат на повеќе од 40 различни технолошки проекти. Мнозинскиот удел е продаден на компанија под контрола на инвестицискиот фонд EMK Capital, а Вилијамс Група ќе задржан помал удел во компанијата.

WAE е единствен снабдувач со батерии во Формула Е тркачката серија од првата сезона на спортот во 2014 година и беше така до крајот на минатата.

рапидно го развивме WAE од нула до бизнис со многу клиенти и во многу сектори. сега е вистински време да се продаде мнозински удел со цел да и се овозможи на компанијата дополнително да се развива и да ги искористи можностите за ползување на својот целосен потенцијал – изјави мајк о`дрискол, главниот извршен директор на вилијамс.

Крег Вилсон, Оперативниот шеф на WAE додаде:

Williams Advanced Engineering разви силна репутација во доставување на енергетски ефикасни решенија за перформанси во различни сектори. искуството и нашата технологија во области како електрификација, лесни структури и аеродинамика и прецизно производство ќе станат порелевантни со развојот на технологијата.

новата сопственичка структура ќе ни овозможи да искористиме максимум од можностите што ќе биде клучно во инвестирањето во нови области и технологии со цел искористување на целосниот потенцијал на бизнисот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ