Вилијамс сакаат формата од трка да ја имаат и на квалификации

Вилијамс велат дека треба да работат на подобрување на темпото на квалификациите на претстојните настани по неколку охрабрувачки трки.

Александер Албон ги заокружи првите 10 во Австралија, имајќи неконвенционална стратегија, потоа следуваше 11то место во Емилија Ромања пред да се подобри до најдоброто 9то во сезоната во Мајами. Британецот со тајландксо потекло ги постигна резултатите и покрај тоа што во секоја прилика стартуваше од задниот дел на гридот.

Вилијамс само еднаш успеа да излезе од К1 во 2022 година, постигнато благодарение на Албон во Бахреин, каде што се квалификуваше на 14то место.

Возачите и инженерите многу добро ги знаат необичностите и суптилностите на оваа патека и иако балансот на болидот и однесувањето на гумите ќе се разликуваат од Февруари, имаме добра идеја за тоа што да очекуваме и областите на кои ќе треба да работиме – објасни шефот на Вилијамс за перформанси, Дејв Робсон на претстојното Шпанско Гранд При.

Болидот се промени доста од Февруари и многу потоплите услови на патеката ќе предизвикаат многу различни проблеми.

Покажавме охрабрувачко темпо на трка на последните неколку настани и нашите напори сега се фокусирани на тоа да го донесеме истото ниво на перформанси на квалификациите.

Ако можеме да го направиме ова успешно, тогаш ќе бидеме во многу посилна позиција напред.

Албон вели дека тој и Вилијамс мора да таргетираат уште еден резултат во топ 10, откако освоија два во последните три трки.

сакам сум да видам колку болидот е подобрен откако бевме последен пат таму на предсезонски тестирања.

Тоа е добра патека и патека на која секој возач има направено безброј кругови, повеќе од која било друга патека.

Гладни сме за повеќе бодови по Мајами, па тоа е она за што ќе продолжиме да се залагаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ