Вилнев: Алпин ќе страда поради загубата на Алонсо

Жак Вилнев верува дека Алпин ја плаќа цената поради тоа што го загуби Фернандо Алонсо.

Тој оваа година ќе биде коментатор на неколку трки бидејќи се концентрира на враќање на патеките во ВЕЦ серијата.

Ќе бидам татко по шестти пат оваа година. Се враќам и целосно во ВЕЦ на неколку трки, Но ние сме мал тим и не може да се бориме со големите тимови поради финансиските ограничувања. Мојата работа како тркач, полу-пензиониран е да бидам смирен, Но страста сеуште ја имам.

Вилнев изјави дека целта му е ја освои тројната круна.

Сакам да бидам вториот возач кој ќе го постигне тоа. Трпелив сум и знам што ме чека и дека немам многу време.

За Алонсо тој изјави дека не е многу изненаден.

Знаев што се подготвува уште на тестот. Тој беше импресивен со престасувањата. На 41 година тоа е многу значајно. Доколку повеќе немате желба да превземате ризик време е за откажување, Но Алонсо е сеуште гладен. Тоа беше голем улов на Астон Мартин. Алпин ќе страда поради ова.

Сепак Вилнев не го поштеди Строл.

Имаше добар старт на сезоната, Но поради повредите не можеше да тестира. Сепак и покрај се заврши одлична работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ