Вилнев бара промени и зголемена безбедност на Сузука

Формула 1 шампионот од 1997 година, Жак Вилнев, смета дека Јапонското Гранд При на Сузука треба да претрпи промени на еден од свиоците, онаа кривина каде Карлос Саинз излета и заврши во ограда.

Возачот на Ферари направи грешка уште во првиот круг губејќи контрола и извртуваќи се на 12та кривина, Спун. Тој потксокна од бариерите и слета директно на патеката, по што, за среќа, неколку возачи промашија да влетаат директно во него.

Вилнев смета дека тој дел од Сузука треба да биде променет за засилена безбедност на возачите.

секогаш сум сметал дека тој дел од патеката е опасен, уште кога се тркав таму во формула 2. на сува патека е како на правец и лесно се минува со полна гас, но кога врне дожд е многу тешко, мала корекција и одма скокнувате на патеката. подобро е да удрите во оградата и да останете таму. саинз не возеше брзо, но како да возеше на мраз, буквално – смета вилнев.

Проблем се појави како по очајната видливост на патеката се појави кран за да го отстрани болидот на Ферари. Во тој дел со огромна брзина мина Пјер Гасли што беше страшно да се гледа.

целосно го разбирам се она што беше кажано за кранот на патеката кога пјер гасли мина таму со голема брзина. откако трката е неутрализирана, дозволено е механизација да биде присутна, но кога е суво на никој не му е гајле за тоа, а кога врне е целосно различно. такви работи на дожд не смее да се случуваат.

не може секогаш да видите каде сте, видливоста беше лоша, имаше болиди кои возеа со оштетена суспензија, сопирачки или гуми. дури и при мала брзина и судар со такво возило може да биде опасно. емоциите се огромни затоа што сите се сеќаваат на жул бјанки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ