Вилнев: Двајцата возачи на Ферари се виновни

Светскиот Формула 1 првак од 1997 година, Жак Вилнев, смета дек адвајцата возачи на Ферари се виновни за инвидентот на Интерлагос во Бразил.

на фетел и леклер им е дозволено да се тркаат еден со друг, но не смее да ја злоупотребуваат таа слобода. по мене двајцата се виновни за инцидентот, лекелр беше премногу агресивен, а фетел не треба веднаш да затвора моќно штом ќе го мине својот противник. двајцата погрешија.

контактот беше целосно непотребен затоа што во тоа време се бореа за трето место. единствено што сакаа да постигнат е да докажат кој е подобар од нив двајцата – анализира вилнев за италијански Sky Italia.

Италијанска Corriere della Sera открива дека Матиа Биното, шефот на екипата, има закажан состанок со Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери во Маранело каде ќе се разговара за потенцијални казни за идни инциденти од сличен вид.

Поранешниот возач на Ферари, Рубенс Баричело, кој беше присутен на трката во Интерлагос го имаше следното мислење.

беше недоразбирање помеѓу двајцата возачи и многу тажен ден за ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ