Вилнев за трошењето на Ред Бул: Тие не мамеа

Светскиот Формула 1 првак од 1997 година, канаѓанецот Жак Вилнев, смета дека претераното трошење на Ред Бул минатата сезона не може да се окарактеризира како мамење.

Минатиот месец ФИА изрече казн од 7 милиони долари и 10% намалено време за тестирање на актуелните конструкторски прваци затоа што прекумерно потрошиле 1,4 милиони фунти миатата сезона во ситуација во кој буџетот е лимитиран на 145 милиони американски доалри.

се во мексико беше во врска со скандалот од претераното трошење за ред бул иако мислам дека тоа нема да му наштети на спортот. кога мекларен доби огромна казна од 100 милиони долари во 2007 година, ништо драматично ене се случи. по записникот од фиа мене сеуште не ми е јасно што е дозволено и што не е и каква казна се добива за каков вид на престап.

пречекорувањето беше потенцирано, но ако истото се оданочи ќе биде помало од еден милиони, така што мене ми е тешко да разберам зошто добија толку голема казна – вели вилнев.

Екипите од падокот секако дека сметаат оти казната која ја добиле “биковите“ не е доволно силна, но Вилнев потенцира дека тимот од Милтон Кинс не треба да биде етикетиран како измамнички.

тоа што го направија не е мамење, тоа е губење контрола над трошењето, не е исто. се сомневам дека тоа што го потрошиле ќе ја промени ситуацијата оваа година, мислам дека тие беа и останаа силни и затоа победија.

она што ме мачи е начинот на кој фиа наплати 7 милиони долари, пари кои ќе ги инкасираат тиа, а никој друг нема да види ни цент од нив. намаленото тестирање секако дека боли и дека ќе ги забави, но нема да ги забрза останатите. парите треба да се поделат помеѓу екипите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ