Вилнев: Младите возачи ќе имаат потешкотии поради паузата

Жак Вилнев смета дека продолжената пауза во Формула 1 поради пандемијата од Корона вирусот би можела да биде проблем за некои од младите возачи.

Последната Формула 1 трка се одржи во Декември во Абу Даби, а нема да има нова најрано до Јуни поради ширењето на вирусот ширум светот. Тоа значи долга пауза за возачите, а Вилнев смета дека ќе има голема несигурност и сомнеж.

За инженерите паузата може да се искористи и ќе продолжат со работа од дома, но од гледна точка на возачите ситуацијата не се менува многу. Тие се добро организирани, но секогаш зависи од тоа дали ќе добијат плата. Сепак, некои ќе мора да донесат одлука. Кога сте сами подолг период, размислувате премногу и можеби ќе се запрашаат околу својата иднина.

Ќе има промени до почетокот на сезоната, а потоа нема да има доволно време бидејќи ќе мора да се тркаат постојано, дури и во Август. Ова може да биде тешко да се менаџира, особено за младите возачи бидејќи тие не ја гледаат целосно вредност на тоа што го работат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ