Вилнев: Модерната Ф1 е како да гледате забрзан филм

Жак Вилнев вели дека начинот на кој Формула 1 болидите се развивале во изминатите 16 години е неверојатен.

Светскиот шампион од 1997 година, чие последно Гранд При беше со БМВ во 2006 година, неодамна доби шанса да вози болид на Алпин од 2021 година во Монца. Според Le Journal de Montreal, тој на крајот бил помалку од една секунда побавен од референтното време поставено од Естебан Окон истиот ден.

Неверојатно е како еволуираа болидите, Сопирачките се спектакуларни, особено затоа што повеќе не е неопходно целосно да се притиска педалот.

Овие болиди се држат до патеката на импресивен начин. Можете да им пријдете на свиоците со многу голема брзина со многу самодоверба. Тоа беше прилично воодушевувачко искуство.

Болидот беше толку стабилен и сè на сè, прилично лесен за возење. Има многу грип – се импресиите на канаѓанецот по тестот.

Вилнев вели дека најтешкиот дел од искуството е приспособувањето на тоа колку брзо се движи светот околу со модерен Формула 1 болид.

На мозокот му е тешко да ја разбере брзината. Се чувствувате како да гледате забрзан филм.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ