Вилнев предлага поединечни трки наместо цела сезона

Формула 1 првакот од 1997 година, канаѓанецот Жак Вилнев, предложи целосно откажување на оваа тркачка сезона и возење на поодделни трки кои нема да се бодуваат за никаков шампионат.

Годинава требаше да биде рекордна со 22 трки, но првите 8 од каледарот се веќе одложени, а дел од нив нема да ги гледаме сезонава без разлика на нормализацијата на ситуацијата. Но, се чини дека ќе следуваат уште откажани трки во периодот кој следи.

можеби е попаметно да се одлучи дека нема да има првенство туку ќе има посебни трки кои нема да се бодуваат за некаков шампионат, слично на инди 500 или 24 часа ле ман. секоја гранд при трка би била посебна, без никакво првнество и некаква официјална подготовка за следната сезона – објасни вилнев во својата изјава за француски Canal Plus.

Доколку сепак челниците се одлучат да биде организирано првенството, Вилнев е песимист дека ќе бидеме во можност да гледаме било каква трка до Септември.

доколку светот се отвори и можеме да имаме гранд при трка по пандемијата, потребно е време за да се подготви било кој тркачки настан.

прва трка во евентуално првенство по мене ќе може да се одржи дури во септември. мислам дека голем дел од организаторите ќе сакаат да одржат колку што може повеќе трки кај себе за да се обезбеди минималниот број на гранд при настани за една сезона да биде регуларна, но тоа ќе биде погрешно.

ќе биде погрешно да се наполни со трки цел август, а потоа и следните месеци со цел сезоната да заврши пред божиќ. тоа би било погрешно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ