Вилнев: Развојот на Ферари е насочен кон Леклер

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, смета дека целиот развој на овогодинешниот болид на Скудерија Ферари е насочен да му одговара на Шарл Леклер. 

Неговите коментари доаѓаат по отфрлањето на изјавата на Себастијан Фетел дека има различен болид од тој на Леклер. Сепак, Вилнев има подобро обајснување на работите. 

Неговото возење е различно од тоа на Леклер. Леклер го прави целиот развој на болидот бидејќи Ферари го сметаат за нивна иднина. Колку подалеку оди Леклер, толку болидот му е потежок на Фетел. Со болидот на Фетел не се гледаат лимитите на болидот, но се гледаат лимитите на Фетел – појасни канаѓанецот.

Уште еден пораншен Формула 1 возач и легенда на ДТМ, Бернд Шнајдер, се согласува дека не е Фетел виновен за неможноста да му конкурира на Леклер. 

Доколку четирикратен шампион заостанува толку не е само до возачот. Искрено мислам дека Фетел едвај чека да заврши оваа година и да ја започне следната. Сака да им покаже на Ферари дека грешат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ