Вилнев смета дека Луис мора да биде агресивен за да си ја врати титулата

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, смета дека Луис Хамилтон мора да ги остави зад себе разочарувањата од минатата сезона и да биде агресивен во дуелите со Макс Верстапен доколку сака да си ја врати шампионската титула.

Канаѓанецот својот наслов го освои во 1997 година во контроверзно финале на сезоната во Херез кога Михаел Шумахер, неговиот директен конкурент за титула, удри во него. 

тоа што се случи е добро за спортот затоа што луис мора да се врти и да даде се од себе да си ја врати титулата, мора да биде агресивен и мора многу да се потруди. минатата сезона беше контроверзна, но секогаш е така кога разликите се толку мали и кога се се решава на последната трка – посочи вилнев.

И покрај тоа што многумина сметааат дека Верстапен ја осволик титулата по контроверзно менаџирање со правилата под безбедносно возило, Вилнев смета дека шампијон станал вистинскиот возач.

зависи како гледате на работите во однос на тоа дали сте фан на макс или на луис и таков ќе биде вашиот став. возбудливо беше да се гледа сезоната, а макс заслужи титула бидејќи беше врвен цела сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ