Вилнев сомничав за трката во Канада

Жак Вилнев смета дека пандемијата на корона вирус ќе станува се полоша. Канаѓанецот кој е аналитичар на италијанска и француска телевизија живее во предградие на Милано, регион кој е најсилно погоден од пандемијата.

сите сме приморани да седиме дома и да ги слушаме упатствата. има илјадници случаи овдека и далеку е од готово. она што се случува во италија ќе се случи и секаде, а во моментов фаќа залет најмногу во франција и во шпанија.

следниот чекор во многу голем обем може да биде америка. не сакам никого да тревожам, но ако ситуацијата продолжи може да биде многу опасно – изјави вилнев за канадски Le Journal de Montreal.

Американците ја откажаа престижната Индијанаполис 500 трка која требаше да се одржи во Мај, така што тоа е само знак дека и Канадското Гранд При на 14 Јуни е пред истата судбина. Сепак, Вилнев смета дека постои можност неговата домашна трка да биде отварање на сезоната.

тоа би било фантастично за монтреал, трка која означува почеток на летото во монтреал и настан кој се чека цела година.

канада е малку азад со вирусот и тешко веројатно дека би се организирала трката тогаш. сепак, добро е доколку патеката може подоцна да се подготви затоа што не е по јавни патишта како баку или монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ