Вилнев: Татко му на Чеко не треба да се меша во Ф1

Поранешниот Формула 1 првак, канаѓанецот Жан Вилнев, смета дека таткото на Серхио Перез треба да остане натрана од полемиките околу Формула 1 кариерата на неговиот син.

По контроверзните тимски наредби од Бразил, кои патем Макс не ги испочитува, остана “да виси“ фактот дека атмосфрата во тимот е далеку од нормална и пријателска.

Своја изјава околу ситацијата даде и Антонио Перез, таткото на Чек во свое интервју за мексиканскиот весник Esto.

макс никогаш не бил добар колега на чеко, тоа го видовме сите. чеко победува на трки на кои макс не може да победи, тешки трки – посочи антонио.

Според Вилнев, постариот Перез треба да не се меша во целта работа.

во оваа ера, родителите имаат право да кажат се и секаде, но тоа не треба да биде така, тој не треба да се меша во ова. поради тоа јос верстапен стаунва се помалку видлив и присутен, се чува за себе и тоа е добро за него и неговиот син.

Канаѓанецот смета оти Серхио перез мора да биде свесен дека местото крај Макс е едно од најпосакуваните на Формула 1 гридот.

тој беше силен на почетокот на сезоната, тогаш изгледаше непобедливо, но следната сезона ќе биде клучна за него.

ред бул наскоро официјално ќе го имаат даниел рикардо како резерва иако ќе биде користен повеќе за маркетинг и промоција одошто за возење. тој е одличен во тие работи.

исто так, ред бул разговараат и со ландо норис иако од тоа нема да има ништо, но екипите секогаш однапред планираат – смета вилнев.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ