Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од Маранело во последните години.

Високо ценетите Алдо Коста и Џејмс Алисон беа вработени во Ферари, но минаа во ривалите од Мерцедес во обидов на Скудерија а изгради италијанска екипа. Ферари во моментов се бори во средина на поредокот, а Жак смета дека тоа е поради фактот што самите си пукале во нога.

ферари може да бидат тоа што денеска е мерцедес, но отпуштија толку многу талентирани инженери, а најголем дел од нив поради тоа што не беа италијанци и потоа завршија на другата страна во најголемите конкуренти.

тимот е во многу тешка позиција и ќе им треба многу време за да закрепнат. можеби барем две години, но најважно е да ги носат најдобрите инженери во тимот без оглед на цената.

проблемот во тоа што не победуваат е фактот што технички се многу зад конкурентите – објасни вилнев за Sky Italia.

Канаѓанецот смета дека дури и Скудерија да се среадт и подобрат, “сребрените стрели“ ќе биде невозможно да се победат во следните години.

се додека формула 1 остане со турбо хибриден формат ќе биде невозможно за неко јда ги победи мерцедес. тие не само што имаат најдобар болид, но и најдобар возач во луис хамилтон.

во големата промена на правилата во 2022 година, ќе се менува шасијата и аеродинамиката, но не и моторот, така што мерцедес ќе си ја пренесат предноста и во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ