Вил Бакстон: Не може да избуткате некого од патеката

Формула 1 аналитичарот и стручен коментатор, Вил Бакстон, ја продолжи дебатата за казните во тркачката серија. 

Ландо Норис беше првиот возач кој доби казна од пет секунди за избуткување на Перез од патеката. Кристијан Хорнер не се согласи со казната каде стујардите побрзаа да го разгледаат инцидентот, а Норис беше казнет. Подоцна и Перез доби две казни од по пет секунди за сличен инцидент со Шарл Леклер. 

Бакстон смета дека ова е јасно прекршување на правилата. 

Зборував со стујардот Дерек Ворвик на аеродром накај дома. Се согласувам со нивната одлука. Тој ми кажа дека било тешко да се пресуди за Ландо, но сепак било јасно прекршување на правилата.

Доколку болид напаѓа од надвор, тогаш мора да се остави простор, Тоа е јасно за свиоците како и за правците.

ДОколку предниот болид го исфрли напаѓачот надвор од патеката, тогаш тоа е казна. Не смее да ги исфрлате болидите од патеката.

Да замислиме дека ќе нападне од внатре и тој што е понапред ви затвори, тогаш тоа е казна. Ниту едно престасување не е гарантирано.

Мора да сте понапред во зоната на сопирање и да оставите простор. Не е само да се следи тркачката линија, тоа не е аргумент.

ДОколку водечкиот возач ја промени линијата и се брани не е можно престасување. Не е лесно да се престаса. Лично не сум фан на неоставање простор во свиоци. Тоа го нема во Наскар или Индикар – анализира бакстон.

Британецот изјави дека возачите се свесни за правилата и мора да го почитуваат правилникот и да не се изненадуваат кога ќе бидат казнети.

Инетересно беше што сите беа нервозни поради фактот што правилата ја подржуваат казната. Правилата се тука со причина, Сите ги знаат и Не треба да се изненадуваат кога се казнети. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ