Вирџинија Вилијамс била клучен дел за успехот на тимот

Довчерашниот заменик тимски шеф на Вилијамс, Клер Вилијамс, изјави дека нејзината мајка, Вирџинија, била клучен дел од успехот на британската екипа, основана од нејзиниот татко, Сер Френк.

Сер Френк се бореше од самиот почеток со многу низок буџет како приватна екипа во Формула 1 во раните 1970-ти години се до основањето на Вилијамс Гранд При Инженеринг со партнерот Патрик Хед. Но, пред нивниот успех во 1980те и по ужасната сообраќајна несреќа во 1986 по која остана парализиран, Вирџинија Вилијамс играла огромна улога од позадина подржувајќи го нејзиниот сопруг и финансиски.

Многумина сигурно не знаат колку мајка ми играше клучна улога во Вилијамс. Ако таа не инвестираше со своите финансии на почетокот, мојот татко можеби немаше да го оствари својот сон. Таа секогаш го подржуваше. 

Таа секогаш велеше дека е најголем фан на екипата и навистина беше. Како и останатите во нашето семејство, тимот и на нејзе и значеше многу. Секогаш патуваше со нас. Имаме нејзино лого на нашите болиди, кое го дизајниравме кога почина. Имаме фотографии од нејзе во падокот. Таа исто така остави неверојатни спомени за спортот. 

Вирџинија Вилијамс почина во 2013 година по долга битка со рак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ