Вистината за Фетел мора да се дознае, порачува Берни

Поранешниот Формула 1 шеф, Берни Еклстон, изјави дека Себастијан Фетел мора да ја каже вистинската причина поради која го напушта Ферари на крајот од оваа година по шест години минати во Маранело.

Пред почетокот на сезоната Фетел и Ферари објавија дека ќе ја прекинат соработката на крајот на оваа сезона. Според изјавата за медиумите, тоа било заедничка одлука на тимот и Фетел. 

Но, неколку седмици подоцна, Фетел објави дека тоа не е вистина. Иако Ферари веднаш избра нов колега на Шарл Леклер, Биното преку телефон го информирал Фетел дека нема да го продолжат договорот со германцот. 

Беше изненадување кога ми се јави Матиа дека нема да продолжиме заедно. Никогаш не дискутиравме и никогаш не достасвија понуда на маса – изјави себ од падокот во австрија.

Биното беше приморан да признае дека Ферари ги смениле плановите за Фетел. 

Слушнав дека бил изненаден и го паметам тоа. Беше нормално да е изненаден. Мислам дека не е среќен со нашата одлука и тоа е нормално. 

Еклстон смета дека извртувањето на Фетел во Австрија не е знак дека не е посветен, мотивиран и сконцентриран на својата работа.

разговарам доста со Себ во последно време. Му кажав дека мора да ја каже вистината за разделбата со Ферари. Тоа е важно за него.

Тој е многу талентиран возач кој е доста осетлив на неправда. Мора да се ослободи од тоа. Една грешка не значи ништо. Се случуваат такви работи. Дури и Хамилтон немаше добар викенд во Австрија – пораша господин е.

Пораншениот шеф на Фетел, доктор Хелмут Марко, мисли исто како Еклстон. 

Јас многу порано ќе го изгубев трпението. Себастијан чека предолго да ја каже вистината и тоа покажува каков тимски играч е. Тој е сеуште мотивиран, а Негова цел е да го победи колегата. мислам дека можеби беше премотивиран во неделата откако имавме разговор во четвртокот и сакаше премногу. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ