Влезниците за предсезонските тестови пуштени во продажба

Сопствениците на автодромот Барселона-Каталуња во приморскиот шпански град веќе ги пуштија влезниците за предсезонските Формула 1 тестови во 2020 година.

Местото каде во Мај ќе се вози Големата награда на Шпанија, по традиција ќе биде домаќин на двата предсезонски тестови кои следната година ќе бидат во траење од по три денови. Првиот тест е закажан за 19 Февруари и ќе трае до 21 Февруари, а вториот ќе почне 5 денови подоцна и ќе трае до 28 Февруари.Патеката крај Монтмело шеста година по ред ќе биде местото каде првото возење ќе го имаат болидите од новата генерција.

Предсезонските тестови ќе го означат почетокот на најдолгата Формула 1 сезона во 70-годишната историја н аврвната моторспорт тркачка серија, која следната година ќе се вози согласно календар од 22 трки.

Поради тоа што 2020 година ќе има 6 денови возење наместо досегашните 8, се очекува скусеното време да донесе многу “вртење“ по патеката и непрекинато возење од страна на болидите.

Цената на еднодневната влезница се движи од 23 американски долар за основните пакет до 109 американски долари за влезница со можност за прошетка низ боксовите, пристап до падокот и најдобрата трибина.

“Ко воли нек изволи“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ