Возачите бараат од ФИА помалку рестартови од гридот при крајот на трките

Формула 1 возачите сакаат помалку рестартови од гридот по црвените знамиња при крајот на трките. 

Ваквото барање дојде од возачите во Мајами по хаотичниот рестарт во Мелбурн каде имаше неколку инциденти. Многумина сметаат дека остатоците од гума на гридот при крајот на трката прават проблем во првиот свиок. Според првиот одговор од ФИА се очекува да се исчисти гридот пред рестартот на трката. 

Но, возачите не сакаат рестарт на трките при крајот на истите. Мислењето на возачите го сподели претседателот на ГПДА, Џорџ Расел. 

Мислам дека ќе се разбереме. Мислам дека рестарт на крајот на трката е предизвикувачки бидејќи има доста остатоци од гума надвор од возачката линија. Мислам дека тоа не е фер за момците од внатрешната страна и може да предизвика хаос, Но мислам дека сите возачи не сакаат стоечки рестарт по црвено знаме независно од тоа колку проценти од трката е завршено. 

По рестартовите од Мелбурн, сега се промени процедурата за да може да се загреат гумите. Во Баку беше потврдено дека безбедносното возило ќе се повлече порано за да може возачите сами да ги загреат гумите. Во Баку повлекувањето беше 30 секунди порано, додека во Мајами е променето на 60 секунди. Се верува дека тоа може да се променува во зависност од патеката на која возат. Но, сега има уште една промена во однос на црвените знамиња кога е лошо времето. 

Во Америка законот бара јавните настани да престанат доколку има грмотевици поради ризикот некој да биде удрен од гром. За трите американски трки, доколку има црвено знаме во такви услови сите ќе се повлечат во гаражите наместо на пит линијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ