Возачите на Мекларен со намалени плати, персоналот на принуден одмор

Мекларен е првата Формула 1 екипа која ги намали платите на своите возачи, а персоналот ќе оди на принуден одмор. Некои членови на тимот веќе подолг период се на принуден одмор, додека тие што ќе останат да работат имаат намалени плати. Саинз и Норис се согласија на намалување на платите како и останатите членови на тимот. Намалувањата на платите важат за целиот тим.

Форула 1 тимовите разговараат за тоа како најдобро да се заштитат од Ковид-19 пандемијата која ќе има голем финансиски удар врз светот. Мекларен се првите кои направија нешто на финансиски план за да ги заштитат работните места.

Мекларен Груп во моментов ги пушти своите вработени на принуден одмор како дел од мерките за намалување на трошоците предизвикани од пандемијата. Овие мерки се превземаат за заштита на работните места и да се осигураат вработените.

Ваквиот потег доаѓа по најавата на Британската влада која превзема мерки и ќе им даде на компаниите покритие од 80% од платата доколку работникот е на принуден одмор.

Ниту еден друг тим нема најавено слични мерки иако седум британски тимови одговорија на повикот на владата да произведуваат медицинска опрема. Тимовите во моментов се во тринеделен одмор каде не работи фабриката откако се откажаа или одложија првите 8 трки. Сеуште не е јасно кога ќе продолжи сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ