Вознемирениот Рикардо му се извинил на Магнусен

Даниел Рикардо ја призна грешката која го изврте Кевин Магнусен во 8от круг од Бразилското Гранд При, а возачот на Рено му се извинил на Кевин веднаш по трката.

Рикардо влезе од внатрешна страна на Магнусен во свиокот 4, но иако данецот му остави доволно простор, возачот на Рено сепак имаше контакт, што доведе до извртување на болидот на Хаас.

Во жештина на моментот, Магнусен преку тимското радио го нарече Рикардо “е**н идиот“, но по трката, австралијанецот појде кон Кевин и го понуди своето извинување.

Во жештина на битката, кога седите толку ниско, не може да видите целосно дали има доволно простор. Очигледно, го удрив, тој се изврте, а дали ме притисна или не, не знам сеуште.

Сакав да му се извинам бидејќи ако јас бев во таа позиција и некој ме удри, ќе го очекував истото.

Рикардо доби казна од 5 секунди од страна на стјуардите. Сепак, тој заврши на шесто место, со кое тој е горд на себеси.

Очигледно сум вознемирен со себе поради инцидентот, но мислам дека останавме фокусирани, не очекувавме да стигнеме до седмо место, но мислам дека имавме силна трка.

првиот рестарт беше одличен. Мислам дека претекнав 3 болида, беше забавно! Можеме да бидеме горди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ