Вокер: Хамилтон е подобар и од Сена и од Шумахер

Легендарниот Формула 1 коментатор, Мури Вокер, вели дека Луис Хамилтон е подобар и од Аиртон Сена и од Михаел Шумахер, благодарејќи на неговиот фер и чист стил на возење.

Хамилтон се движи во насока да го сруши рекордот од 91 победа на Михаел Шумахер во блиска иднина, откако стигна до својата 87ма претходниот викенд на Силверстон. Тој има една титула помалку од Шумахер, а во првенството годинава има предност од 30 поени по 4 трки.

Дебатата околу тоа кој е најдобар Формула 1 возач на сите времиња се вжешти откако Хамилтон почна да се доближува до рекордите на Шумахер. Поранешниот Формула 1 коментатор на ББЦ, Вокер, вели дека иако е невозможно да се дефинира најдобриот поради различните околности на секоја генерација, коректниот стил на возење на Хамилтон го истакнува над таквите како Сена, Шумахер и Фанџо.

Фанџо не помина лесно, како и Џим Кларк, Џеки Стјуард, можам да продолжам, но кој е најдобар навистина не знам. Порано велев Фанџо, Но ќе морам да кажам Луис Хамилтон. Ако погледнете кон статистиката, тој веќе има повеќе пол позиции од Михаел Шумахер. Има уште барем 3 години тркање во него доколку не се повреди или замине од Мерцедес или пак се откаже од спортот.

Во тој случај, може да освои уште 3 титули, така што според статистиката ќе стане најдобар. Но според мене, тој е мошне коректен, подобар од Шумахер и Сена, кои во одреден период имаа многу дискутабилни возачки тактики. Како на пример, кога Шумахер намерно застана во Монако да го спречи Алонсо да освои пол позиција или како Шумахер кога намерно се удри со Вилнев во Херез во 1997 година, како Сена со Прост во Јапонија во 1990 година.

Луис Хамилтон никогаш нема сторено такво нешто. Тој секогаш вози чисто. Тој е екстремно добар, талентиран и не верувам дека има некој како него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ