Волф: Андрети мора да покаже дека заслужува влез во Ф1

Мајкл Андрети се појави во падокот во Мајами и ги зголеми гласините за неговиот влез во Формула 1 од 2024 година, но Тото Волф не е сигурен дека на спортот му е потребен 11ти тим. 

Славниот Марио Андрети објави дека неговиот син сака да влезе во Формула 1 од 2024 година, но сака и тимови во Формула 2 и Формула 3. Според Конкорд договорот, секој нов тим што сака да се приклучи на спортот треба да плати 200 милиони долари учество кое ќе се подели помеѓу 10 екипи за да се компензира намалувањето на наградата во споротот. Но Волф не е многу убеден во тоа. 

Сигурен сум дека американски тим и американски возач ќе ни донесе многу, Но сега ја делиме наградата помеѓу 10 тимови. Инвестиравме многу во последните 10 години, Сите екипи кои се на подиум потрошиле над милијарда во последните години. Што ако дојде нов тим и се намали наградата за 10 проценти? Вредноста на Формула 1 е во ограничениот број на брендови и затоа не сакаме да ја намалиме вредноста на тимовите – посочи австриецот.

Зак Браун од Мекларен се согласува со Волф. 

Се согласувам со Тото. Имаме 10 тимови и секој нареден ќе мора да донесе вредност во спортот. Андрети е големо име за Формула 1 и моторспортот. Се додека тимот му помага на спортот можеби е добро да влезе, Но не може туку така да ги примаме тимовите. Потребен ни е вреден бренд со доволно ресурси како што е Мајкл. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ