Волф ги смирува очекувањата: Нема надградби за следните трки

Без никакви надградби во следните неколку трки, Тото Волф предупреди да не се очекуваат чуда од најавениот пакет за надградба во Имола.

Мерцедес беа принудени повторно да го менуваат својат болид откако сфатија дека концептот е погрешен, признавајќи во Бахреин дека отишле во погрешна насока. За Имола е планиран пакет за надградба, при што Волф сугерира дека нашле перформанси преку симулациите.

Зборувајќи по тренингот за Големата Награда на Австралија, тој сподели информации за новиот пакет, откако возачите Луис Хамилтон и Џорџ Расел беа контрадикторни во своите изјави.

Во следните три трки нема да додадеме перформанси – изјави Волф.

се работи за наоѓање на најдобри решенија за поставување  на болидот и работа со гумите во вистинскиот прозорец. Правиме добри чекори, но мора да ги потврдиме и да ги произведеме деловите потоа.

Значи, мислам дека нема да донесеме ништо пред Имола и сакаме да го направиме тоа како што треба.

Се оди во добра насока, но не треба одеднаш да очекуваме чуда и да бидеме на пол позиција со половина секунда предност.

Мислам дека повеќе се работи за консолидирање на нашата позиција со Астон Мартин и Ферари и тоа би бил добар чекор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ