Волф е претпазлив околу трката

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, предупреди дека неговата екипа не треба да се занесе со очекувањата по денешните изненадувачки квалификации во Австралија.

И покрај проблемите со болидот, Мерцедес беа одлични во Мелбурн и ќе стартуваат од втора и трета позиција. Тимот реши да го промени концептот на болидот на Имола и Волф смета дека покрај резултатов не треба да носат брзи одлуки.

Мислам дека мора да сме претпазливи и да не се занесуваме помеѓу манија и депресија. Мора да сме рационални во одлуките и да видиме каде има потенцијал.

Јасно е дека мора да носиме одлуки на долг рок и да искористиме максимум од моменталниот пакет каков и да е. Потребно ни е потисна сила во точно место – посочи австриецот.

И покрај најавената пормена на концептот на болидот, Волф откри дека е изненаден од перформансите.

Секако ваквите моменти се одлични за нас и предизвикуваат турбуленции, Но мора да се договориме да продолжиме со развојот независно од резултатот. Никогаш не се откажавме и знаеме каде погрешивме посебно во вакви моменти каде даваме максимум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ