Волф за Хорнер: Тој е опседнат со мене

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. смета дека е целосно во главата на Кристијан Хорнер бидејќи тој е опседнат со него. 

Работите се вжештија во 2021 година кога се водеше тесна борба помеѓу Хамилтон и Верстапен и сударот кој го имаа двајцата на Силверстон. Ред Бул се пожали од славењето на Хамилтон на таа трка и работите не одеја мазно. 

Како да живеам бесплатно во неговата глава. Тој е опседнат со мене и Секоја секунда кога зборувам за него ми е губење време – посочи шефот на мерцедес.

По последната трка во Абу Даби, Мерцедес се пожалија на резултатот и Хамилтон ја бојкотираше церемонијата на ФИА за доделување на награди. 

Заедно работиме долги години и често разговараме. Тој период беше тежок, но мислам дека завршивме голема работа со освојување на осмата титула. Една од најтешките работи е да се процесира разочарувањето, Но сега тимот е во форма. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ