Волф: Меки гуми беа неопходни за Хамилтон во квалификациите

Мерцедес ја објаснија причината зошто одлучиле Хамилтон да се квалификува на помалку препорачливата компонента на софт пневматици за Руското Гранд При и покрај неговите молби да користи медиум.

Хамилтон првично постави најбрз круг во К2 со медиум, но неговото време беше избришано поради надминување на лимитот на патеката. Тој сакаше да извози уште еден круг со истите, но му беше посочено да се врати во бокс.

Поради црвеното знаме предизвикано од Фетел, Хамилтон во последните секунди од сегментот успеа да го започне вториот најбрз круг, но со софт пневматици. Од Мерцедес посочија дека болидот на Хамилтон имал гориво само за еден брз круг во К2, што значи дека не бил подготвен за втор брз круг на медиум компонентата.

Така беше планирано. Не можевме да извозиме уште еден круг при првиот обид бидејќи тој немаше доволно гориво – објасни тото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ