Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф.

Со цел да се справат со кризата, тимовите се согласија летната пауза од Август да биде поместена сега, а двете недели беа продолжени на три.

Засега паузата е три недели, а потоа ќе биде најверојатно дополнително продолжена за уште три недели. Одделот за мотори е пренаменет за изработка на специјални уреди потребни во медицината.

Обично е потребна половина година да се изработи нешто такво, но ние го постигнавме за 100 часа. Сега го зголемуваме производството на 10,000 уреди неделно – се пофали австриецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ