Волф: Нашите ривали пропуштија шанса

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, верува дека додека неговиот тим работел на подобрување на своите перформанси и решавање на проблеми, нивните ривали пропуштиле шанса.

Во 2019 година Мерцедес стигнаа до шеста последователна двојна титула, додека Хамилтон самиот исто така освои шеста титула, петта со Мерцедес. Но, годината не помина без грешки за тимот кои имаа пад во формата по летната пауза, додека Ферари се појавија како доминантни, но Волф верува дека тие се вратиле, додека другите пропуштиле шанса.

Најголемиот момент во сезоната е секако тоа што го загубивме Ники, тоа беше сенка на сезоната.

Но, од гледна точка на перформанси, би ја поделил на три дела. Прво, бевме многу добри на почетокот, навистина конкурентни. Потоа по летната пауза, не бевме. Потоа се вративме, нашата конкуренција пропушти шанса, а тоа ни дозволи да ја освоиме титулата.

Стабилноста во правилата дефинитивно ќе овозможи Ферари и Ред Бул да не нападнат. Може да видите колку се брзи Ред Бул и колку Хонда се подобрија од нивото на кое беа. Исто и Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ