Волф не го отпишува Расел од борбата за титула догодина

Тото Волф смета дека Џорџ Расел може сериозно да предизвика за титула следната година кога ќе дебитира во фабричкиот тим на Мерцедес.

Секако дека младиот, амбициозен и брз возач ќе биде закана и предизвик за Луис Хамилтон кој ќе има многу сиен колега. Џорџ станува дел од тимот откако Валтери Ботас возеше цели 5 години крај седумкратниот шампион.

Разликата во години помеѓу Луис и Џорџ е дури 13, но тоа не значи ништо. Во Вилијамс годинава Расел испорача фантастични перформанси, особено на квалификации и на мокра патека. Минатата година тој доби можност да вози за Мерцедес како замена за Хамилтон кој беше позитивен на корона вирусот, така што спорача фантастична трка и само тимска грешка му ја одзема победата.

џорџ мора да докаже дека може да испорача врвни паерформанси како во бахреин лани редовно. тоа може да се случи уште следната сезона, а со такви резултати од него ние ќе имаме луксузен проблем за решавање – вели волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ